СДСМ: Зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски

 

„Христијан Мицкоски и неговите пратеници во Собранието, доживеаја нов дебакл“, велат од СДСМ.

Како што посочуваат, пропаднале во вода лагите на заложникот на Димитар Апасиев, за Христијан Мицкоски дека кон крајот на февруари ќе обезбедел 61 пратеник за распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори.

„Не само што нема ново парламентарно мнозинство, туку ниту еден од пратениците не смогна сили да гласа против предлозите што ВМРО-ДПМНЕ десет дена ги критикуваше. Сето тоа покажува дека нивната цел била само одолговлекување на изборот, за да се попречи работата на министерствата и да се пролонгира нивниот најнов пораз во Собранието. Уште еднаш се докажа дека Мицкоски и неговите пратеници се водат исклучиво од личните, политички интереси, додека воопшто не им е гајле за интересите на граѓаните и државата“, велат оттаму.

Според нив, зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги.

„Зајакнатото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ продолжува со реализација на реформите, на мерките и политиките што се во интерес на државата и граѓаните“, завршуваат од партијата преку нивното соопштение.

01.03.2023 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа