СДСМ: За една година во ТИРЗ нови 2.300 работни места и 430 милиони евра инвестиции

Владејачката СДСМ вели дека за една година во Технолошко-индустриските развојни зони се отворени 2.300 нови работни места. Во соопштение испратено изутрината, партијата тврди дека мерките кои ги креирала владата создаваат поволни услови за вложувања кои се препознаени од светските компании.

-Новата година започна со нова инвестиција на компанијата „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип во вредност од 40 милиони евра. И во време на светска економска криза, 2022 е година со најуспешни резултати кои компаниите ги остварија во Технолошки-индустриските развојни зони (ТИРЗ). За една година во ТИРЗ се вложени над 430 милиини евра нови инвестиции, отворени се 2.300 нови работни места. Во октомври лани се надмина и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година. И за странските и за домашните инвеститори, нудиме стабилност за вложувањата, добро платени и сигурни работни места за нашите граѓани, се вели во дописот.

 

14.01.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега