СДСМ за анкетата на МКД.мк: Нарачани анкети излегуваат секогаш кога Мицкоски ќе доживее пораз или кога треба да се покрие некаков скандал

Владејачката СДСМ остро реагира на анкетата која ја објави порталот МКД.мк. Оттаму тврдат дека во неа има различни бројки.

-На почетокот се тврди дека се анкетирани 1.200 граѓани, а на крај дека биле 1.067. Анкетата со различни броеви не може да биде релевантна, туку обид за манипулација на граѓаните, велат од СДСМ.

Според партијата, вакви анкети излегувале за да прикријат скандали на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Останува фактот дека вакви анкети излегуваат секогаш кога Христијан Мицкоски ќе доживее пораз на политичката сцена во земјава, кога ќе излезе спротивно од она што го говори или кога треба да се покрие некаков скандал со раце во медот. Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз, велат од владејачката партија.

 

26.02.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега