СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје пред банкрот, Советот да расправа за тешката финансиска состојба
Неспособноста и кавгите за рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и се причините што денес Град Скопје е со блокирана сметка и му се заканува банкрот, велат од СДСМ.
Дополнуваат дека околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра.
„Парите се потрошени, а за сето време додека се на власт во Скопје нема ниту еден проект нема довршување ниту на наследените а јавните претпријатија крпат крај со крај.
Тоа е срамно и недозволиво.
Денес СДСМ ќе поднесе иницијатива за одржување на седница на Советот на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот“, истакнуваат од партијата на власт.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните, се истакнува во соопштението од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа