СДСМ: Одлуката од Стразбур е победа на правдата, предметите продолжуваат

Со одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени, постигната е голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата. Одлуката на Судот во Стразбур е важна затоа што покрај другото, не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропадна. ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, а аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени.

Сега, независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доврши сите кривични постапки кои се во тек. Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите, се вели во соопштението.

17.02.2023 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега