СДСМ од Радовиш и Босилово: Ние сме на страната на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ на страната на криминалот

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Никица Бачовски денеска заедно со Благојче Трпески беа во посета на општина Босилово како дел од теренската активност на СДСМ „Рамо до рамо до победа“

- Преку грантови од 10.000 и 20.000 евра даваме поддршка младите активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а истовремено младите земјоделци се ослободени од надоместокот за закуп на државното земјоделско земјиште. За прв пат од оваа година обезбедивме и стипендии од по 18.000 денари месечно за период од девет месеци, за студентите на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет. Сето тоа го правиме за да го зголемиме домашното производство но и да ги охрабриме младите, дека и од земјоделство може добро да се живее, истакна Бачовски.

Во општина Радовиш на средби со граѓаните беа Оливер Спасовски и членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска.

Спасовски пред граѓаните истакна дека СДСМ е на страната на граѓаните, на страната на правдата и законите, додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на криминалците и тоа се потврдува со денешната одлука на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, да им се доделат општински финансиски средства на партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ осудени за насилството од „крвавиот четврток“:

24.04.2023 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега