СДСМ: Коалицијата на Мицкоски, Арсовска и Левица не презема ништо за загадениот воздух во Скопје

 

-Скопје со денови е на врвот на најзагадени градови во светот, а Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не преземаат ништо.

Наместо системски решенија, Левица, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кратат средства за животна средина и за субвецнии за набавка на инвертори.

Никаде ги нема петте мега паркови што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги најавуваа пред изборите, нема ниту нови зелени површини, ниту ново булеварско зеленило.

Дивите депонии стојат, секојдневно се појавуваат нови, а расфрлан смет и ѓубре е редовна слика дури и за централното градско подрачје.

Во меѓувреме јавниот превоз нефунцкионира, ЈСП е во долгови, а катастрофална е ситуацијата и во ЈП „Дрисла“ и ЈП „Комунална хигиена“.

Целата одговорност за еколошката катастрофа што му се случува на Скопје е кај колаицијата Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, која се потврди вчера со усвојување на Буџетот на Градот за 2023 година.- се наведува во партиското соопштение.

28.12.2022 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега