СДСМ: Антикорупциска е на потег, да се истражи случајот Парцели во Лисиче

 

Последниот случај со Деталниот урбанистички план и парцелите во Лисиче создава сериозни сомневања кои треба да се расчистат. Според информации кои се јавно објавени од повеќе медиуми, неколку парцели во Лисиче со површина од над 1.000 метри квадратни, биле купени како ниви, пред овој урабистички план да биде во процедура, соопшти СДСМ.

„Дали купувачите знаеле дека токму таму ќе се градат згради и дали однапред знаеле дека маркиците за згради ќе бидат токму на тие парцели? Сега на потег е Државната комисија за спречување на корупцијата која мора да ги истражи овој случај. Тимчо Муцунски и другите градоначалници од ВМРО-ДПМЕ во Скопје не работат ништо, освен што ги партизираат и задолжуваат општините.

СДСМ ќе остане со граѓаните, ќе се спротивстави и ќе стори се за штетните решенија да не се реализираат. На граѓаните им требаат нови паркови и зеленило а не сомнителна бетонизација“ порачаа од владејачката партија.

18.04.2023 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега