Рустеми: Пред 30 години, кога бев студент од Тетово, до Тирана патувавме 12-14 часа, во 2028 овој пат ќе се вози за два часа

Почетокот на изградбата на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 го потсети директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на неговите студентски денови во Тирана. 

„Сакам со вас да го споделам чувството на кое се сетив што го имав пред 30 години, тогаш кога јас бев студент во Тирана. Заедно со другите студенти, мои пријатели, патувавме од Тетово до Тирана 12-14 часа. Денеска, овој пат ќе го изодиме за пет или шест часа. Потпишувањето на овој договор за мене претставува огромно задоволство бидејќи во 2028 година овој пат ќе се извози за само два часа“, рече директорот Рустеми.

Тој очекува за четири години и шест месеци „Бехтел и Енка“ да изградат 110 километри патишта, со што Македонија ќе стане вистинска раскрсница во регионот.

04.04.2023 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега