Рамо до рамо со граѓаните на Росоман: Историска највисока исплата од 26 милиони евра за субвенции за тутунарите

Членот на ЦО на СДСМ, Љупчо Николовски и портпаролката Богданка Кузеска денеска беа во Росоман, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

Николовски пред граѓаните истакна дека СДСМ како одговорна партија постојано вложува во земјоделството, креира мерки и решенија заедно со земјоделците со цел земјоделците да бидат мотивирани да го зголемат своето производство. Како пример за посветена грижа и инвестиции во земјоделството, Николовски ја издвои денешната исплата на субвенции кон тутунопроизводителите.

Денеска исплативме рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година кон 15.753 производители на тутун. Ова е историска и рекордна исплата! Висината на субвенциите е скалеста и таа изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година. Минатата година имавме историски највисока просечна цена на откуп и за прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година, истакна Николовски.

27.04.2023 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега