Путин: Русија е категорично против заборавање на нацистичките злосторства

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека Русија категорично се противи на заборавањето на нацистичките злосторства и спроведува политика која гарантира злосторствата како Холокаустот да не се повторат.

„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од овој тип, кои немаат застареност“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.

Тој нагласи дека Москва води таква политика која гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.

Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот се одбележува утре, на денот кога советските војници го ослободија нацистичкиот камп Аушвиц, каде беа убиени 1,1 милион луѓе, соопшти агенцијата.

 
26.01.2023 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега