Приведени тројца тинејџери Теарце за напад врз малолетник од Пршовце

 

Три лица на возраст од 18 и 19 години од тетовско Теарце се приведени ноќеска откако се пријавени во тетовската полиција дека нападнале и повредиле малолетник, како и уште едно лице кое се обидувало да ги раздвои. Нападот се случил вчера околу 16.30 часот во авто-перална во Пршовце.

– Вчера во 21 часот и 30 минути, 17-годишник од тетовско Пршовце, заедно со неговиот татко, пријавиле дека околу 16 часот и 30 минути, во авто-перална во ова село, во која работел, физички бил нападнат од три лица. Тие тројца истовремено нападнале и лице кое се обидело да ги раздели, при што користеле и тврди предмети и на малолетникот  му нанеле тешки телесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според неговите информации за кратко време тројцата напаѓачи Е.С. (19),  Ј.М. (18) и Д.А. (19), сите од тетовско Теарце, се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега