Приведени тројца дрвокрадци во Росоман


Вчера во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци.

При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција  ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг.  

Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

01.04.2024 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега