Приведен скопјанец - во неговото возило пронајдени 12 мигранти од Бангладеш

МВР денеска соопшти дека вчера претпладне во близина на бензинската пумпа на магистралниот пат Овче Поле-Велес, кај местото „Делисиска пруга“ полицијата го привела Љ.А.(26) од Скопје во чие возило„порше-каен“ со скопски регистарски ознаки се откриени 12 мигранти од Бангладеш.

Мигрантите се сместни во кампот „Винојуг“ за понатамошна постапка, додека против криумчарот на мигранти од Скопје, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега