Приведен дилер во прилепско: Запленети марихуана и стебла канабис (ФОТО)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори “  предвидено и казниво по член 215 КЗ на РСМ.

По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на  02.09.2020 со Наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд куќата во место викано „Кишовица“. При извршените претреси, во викенд куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла Канабис

Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определи мерка притвор од 30 дена.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега