Претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Косово на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателката Вјоса Османи-Садриу положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека косовската претседателка, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.

26.04.2023 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега