Претседателката на Косово денес во официјална поста на земјата

 

Претседателот Стево Пендаровски ќе ѝ биде домаќин на претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, која денес ќе престојува во официјална посета на земјата.

Османи-Садриу ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Косово.

Во рамките на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев, а ќе одржат и прес-конференција.

Според агендата, Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и ќе се обрати на свечена седница во Собранието.

26.04.2023 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега