Пренџов: Под овие услови и во овој пратенички состав Уставни измени нема да има

 

„Првичната бројка на поддржувачи на уставот, гледаме дека таа се намалува. Пратениците 2-ца на БЕСА кој ги сметаа дека сигурно ќе гласаат за Уставот гледаме дека тоа го условуваат со предвремени парламентарни избори. Павле Трајанов исто така кажа дека тој нема да ги поддржи тие уставни измени, ниту еден од 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата нема да гласа за уставни измени“, рече пратеникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој посочи дека СДСМ нема кредибилитет во ова општество и нема поддршка да води ниту еден процес.

„Доколку сметаат дека имаат било какво мнозинство, бујрум утре да пробаме дали има или нема. Уставни измени под овие услови нема да има и во пратенички состав исто така нема да има уставни измени. На секого тоа мислам дека му е јасно во Република Македонија тоа треба да му биде јасно и на владиното мнозинство“, рече Пренџов.

Пренџов потенцираше дека треба да има избори во 2023-та година, бидејќи треба да има една нова енергија, нова надеж.

26.12.2022 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега