Поправена грешката: Во САД авионите повторно летаат

Сојузната управа за авијација на САД соопшти дека авионите во САД повторно летаат откако е поправена грешка во системот за известување на пилотите.

Повеќе од 760 летови беа одложени, а на патниците на аеродромите низ земјата им беше кажано редовно да ги проверуваат информациите за нивните летови, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека наредил истрага за дефектот на системот ФАА, што предизвика приземјување на бројни летови во Америка, и додаде дека засега не е позната причината за дефектот.

Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со секретарот за транспорт и дека во наредните часови ќе разберат што го предизвикало падот на системот.

ФАА обезбедува услуги за воздушен сообраќај за повеќе од 45.000 летови дневно со 2,9 милиони патници во Националниот систем за воздушен простор. Системот е воздушна мрежа која вклучува капацитети за воздушна навигација, аеродроми и области за слетување.

11.01.2023 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега