Попов: Владата треба да реагира со робусна акција и сериозна стратегија за справување со загадувањето


„Ние сметавме дека оваа тема со загадувањето е поплеменита од ова популистички да предлагаме мерки кои што веќе или вака или така се прават и сите за тоа сме свесни. Впрочем и претседателот на Советот, Трајко Славески барањата на Социјалдемократскиот сојуз како претседател на Совет ги испрати до градоначалничката и од таму сите бевме информирани дека работите кои што Социјалдемократскиот сојуз ги бара дека веќе се прават. Исто така сметавме дека тие мерки како што напоменав се паушални од типот дека ако ги миеме улиците секој ден или дека ако направиме бесплатен јавен превоз како да ќе снема автомобили во градот и можеби така ќе го намалиме загадувањето“, истакна Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на емисија на телевизија Клан.

Попов апелира за сериозна и робусна акција како на Градот Скопје така и на Владата на Република Македонија.

„Се потпиша советничката група на СДСМ, ЛДП и ДОМ ако не се лажам, а останатите советнички групи во Советот се немаат потпишано, значи ставот е дека темава е многу поплеменита, и ајде заедно да бараме здружена акција на Владата бидејќи ова може да се реши овој проблем, но не е само на Скопје, туку на цела Македонија“, заклучи Попов.

Тој посочи дека дека сите заедно треба да ја повикаат Владата и да се бара робусна акција, сериозна стратегија за решавање на проблемот со загадување.

„Спомнавме збор два за национални стратегии, национални обединувања и сл. Има една вест која што вели дека Владата во 2018-та година до Собранието на Република Македонија достави акциски план за загадувањето на воздухот и решавањето на останатите еколошки проблеми. Тоа е прва и последна вест дека Владата било што направи на тема екологија“, истакна Попов.

Попов додаде дека национални стратегии за 2030, 2040 и 2050-та година па дури 2060-та ќе може да се прави кога ќе се види онаа од 2018-та иако никој не знае што пишува во таа стратегија, бидејќи јавноста ја нема ниту видено таа стратегија.

„Нема визибилност, бидејќи по истата таа стратегија не се постапува. Ако се постапува ќе се креираат разни активности, разни настани, промоции. Владата веројатно ќе сака да се фали ако нешто реализира бидејќи не гледаме таква работа за национални стратегии можеби треба да зборуваме со некоја си идна Влада“, рече Попов.

Тој апелира сите како граѓани да придонесат до помало загадување на воздухот.

 

 

„Без силен владин ангажман и сеопшта стратегија која што ја немаме во овој момент, реално ја немаме, можеме само да тапкаме во место и да си предлагаме паушални работи како да ги миеме улиците со цистерни и на тоа да се сведе нашата борба против загадувањето“, појасни тој.

12.01.2023 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега