Пендаровски се сретна со Ангел Тилвар, министер за национална одбрана на Романија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за национална одбрана на Романија, Ангел Тилвар, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу двете држави во областа на одбраната како на билатерално ниво, така и во рамки на НАТО алијансата.

Претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Северна Македонија да дава свој придонес во колективните напори за зацврстување на безбедноста и стабилноста на НАТО. Наши армиски припадници учествуваат во мултинационалните сили на НАТО, вклучително и во Романија, како дел од одлуката на Алијансата за зацврстување на нејзиното источно крило, по руската агресија врз Украина.

Заблагодарувајќи се за поддршката што Романија ја дава за стратешките определби на нашата држава, вклучувајќи ги аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете држави во сите сфери од заемен интерес.

25.04.2023 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега