Пендаровски: Ги поддржуваме аспирациите на Косово за ЕУ и НАТО, ќе помогнеме со нашите искуства

 

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата косовска колешка, Вјоса Османи го реафирмираше ставот за поддршка на евро-атлантските аспирации на Косово.

Пендаровски рече дека Северна Македонија е подготвена да ги сподели своите искуства во однос на реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО.

Истовремено изрази и поддршка за одлуката на Европската Унија за визната либерализација за Косово и учеството во различните регионални формати на соработка.

„Неизбежна тема, се разбира, беа и односите на Косово со Србија, при што го реафирмирав нашиот став по ова прашање, а тоа е дека го поздравуваме постигнатиот договор за прифаќање на предлогот на Европската Унија за нормализирање на односите меѓу Kосово и Србија, чија што имплементација ќе придонесе за мирот, стабилноста, безбедноста и развојот, не само на нашите соседи, туку и на регионот во целост“, рече Пендаровски.

На средбата со косовската претседателка разговарале и за можностите за унапредување на правата на Македонците во Косово, во време кога, за жал, како што вели, некои странски пропаганди се повторно активирани. Во таа насока, заедничката цел е зближување на граѓаните од двете страни на границата и олеснување и интензивирање на прекуграничната соработка.

Претседателот оцени дека со Османи имале содржаен разговор, на кој станало збор и за актуелната и идна економска соработка.

26.04.2023 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега