Парис Хилтон им одговори на хејтерите: Мојот син е здрав

 

Парис Хилтон реши да возврати на многуте тролови и хејтери, кои на новообјавените фотографии го коментираа изгледот на нејзиниот син Феникс.

Нечувствителните коментари за главата на бебето се појавија минатиот викенд кога таа сподели неколку слатки фотографии со малиот Феникс.

Троловите тврдеа дека Феникс, кој сега има 9 месеци, има медицинска состојба наречена макроцефалија, поради која некои бебиња имаат поголеми глави од нормалните бебиња.

Суровите коментари наидоа на остра осуда од нејзините фанови, но големиот број тролови ја натераа Парис и самата да проговори.

„Има болни луѓе на овој свет. Мојот ангел е сосема здрав. И, да, секако дека бил на лекар, едноставно, има голем мозок“, напиша таа на социјалните мрежи.

Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат-мајка. Ова ѝ е прво дете на Парис, а нејзиниот сопруг веќе има ќерка (10) со реалната ѕвезда Лаура Белизи.

24.10.2023 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега