Орбан: Унгарија влезе во доба на опасност во 2022 година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека 2022 година ќе биде запаметена како година во која земјата влезе во доба на опасност и додаде дека нејзиниот одговор на тоа е проактивен.

Тој изјави дека по пандемијата, војната во Украина и енергетската криза, Унгарија е погодена од санкциите на ЕУ против Русија и на тој начин создаде висока инфлација, но дека владата реагирала проактивно, пренесува унгарската новинска агенција МТИ.

Коментирајќи ги санкциите што ЕУ ги воведе кон Унгарија, Орбан за радиото „Кошут“ изјави дека некој во Брисел, конечно, треба да признае дека збркал и додаде дека доколку немало санкции, цените на ергените ќе паднале нагло и инфлацијата би се преполовила, но нема индиции дека тоа ќе се случи бидејќи само Франција и Германија може да влијаат на ЕУ да донесе таква одлука.

13.01.2023 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега