Рецепт: Селското месо

Направете го македонскиот специјалитет за вашето семејство, а тоа е селското месо, еве што ви е потребно.

Сотојки: 

• 200 гр свин­ско месо
• 200 гр теле­шко месо
• 200 гр пиле­шко месо
• 200 гр мелено месо (мешано)
• 2 големи мор­кови
• 1 китка маг­до­нос
• 300 гр печурки
• сол, бибер, сув мешан зачин, црвен пипер
• лук
• буко­вец или сува пиперка
• маг­до­нос
• малку бра­шно и ори­гано
• 30 мл бело вино

Подготовка:

Во меле­ното месо се става ситно исеч­кана 1 гла­вица кро­мид, бибер, сол, сув мешан зачин, 1 лажица сода бикар­бона, бра­шно и ори­гано. Сме­сата убаво се заме­сува. Се остава да стои во фри­жи­дер 1–2 часа покри­ено со фолија, па потоа од него се пра­ват мали ќофтиња.

Месото се сече на коцки и секое парче месо се пржи на топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исеч­ка­ниот кро­мид, мор­ко­вот исеч­кан на тенки кру­гови и ситно сеч­кан маг­до­нос. Сето тоа добро се про­пр­жува, па се дода­ваат печур­ките и заедно се пржи околу 5–10 минути.

Во земјена тава се става месото, заедно со ќоф­ти­њата, се дода­ваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кро­мид и морков.

Се полива со вода и се дода­ваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се про­ме­шува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150℃ и се готви 2 часа. Потоа се вади фоли­јата и се остава во рерна да се пече уште 2–3 часа на тивок огран.

На кра­јот, се додава запр­шка од бра­шно со црвен пипер и пак се враќа во рерна на неко­лку минути.

Имајте добар апетит!

13.06.2014 - 14:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега