Новинарството привлекува психопати

Оксфордскиот психолог Кевин Датон, во својата книга насловена “Мудроста на психопатите: што можат светците, шпионите и сериските убијци да не научат за успехот”, тој вели дека психопатските особини се многу почести кај бизнис лидерите, адвокатите и новинарите отколку кај криминалците. Според него, некои професии се привлечни за луѓе кои ги поседуваат психопатските атрибути: егоцентричност, површен шарм, желба за доминација и наредување, независнот, фокусираност и недостаток од емпатија. 

Авторот и блогер во Хафингтон Пост, Ерик Баркер во еден пост за книгата вели дека професиите кои се примамливи за психопатите, нудат моќ и бараат објективна и клиничка способност за носење одлуки лишени од секаква емоција. Професиите пак кои не им се примамливи на психопатите, бараат способност за човечка емпатија и поврзаност, не нудат моќ и се занимаваат со емоциите.

Еве ги професиите, кои според Датон се најпримамливи за психопатите. 

1. Извршен директор
2. Адвокат
3. Медиуми (телевизија/радио)
4. Продавач
5. Хирург
6. Новинар
7. Полицаец
8. Свештеник
9. Готвач
10. Државен службеник

Еве ги професиите со најниска стапка на психопатија

1. Негувателка
2. Медицинска сестра
3. Терапевт
4. Занатечија
5. Козметичар/Стилист
6. Работник во добротворни организации
7. Наставник
8. Креативец
9. Лекар
10. Сметководител

најчитано сега