Тодоров: Докторите од „8 Септември“ изнесоа лажни податоци за да земат 100 процентна плата

Извршената анализа на податоците кои пет доктори во едно Одделение во Градската општа болница „8 Септември“ ги внесувале во електронскиот систем за плаќање по успешност, што е дел од целосната анализа во таа ЈЗУ, покажува дека тие внесувале помалку интервенции од она што реално го завршиле, но внесувале толку помалку интервенции колку што е потребно со цел на крајот на месецот сите доктори да имаат успешност 1 односно сите да земат иста плата. Тоа значи дека внесувале лажни податоци со цел исходот од анализата да биде наместен така што сите доктори да имаат коефициент 1 односно 100 проценти плата.

- Осум други здравствени установи направиле целосна корекција на првично внесените податоци во овој период со нови податоци. Во тие здравствени установи го прифатиле мојот апел дека не сакам никој да биде казнет, туку само да имаме точни податоци во системот, рече Тодоров.

Доколку, нагласи министерот, ги земеме како точни податоците кои во овој момент и се уште се внесени во системот како реално извршени здравствени услуги од страна на докторите тогаш сите пет доктори ќе имаат учинок 1 и ќе земаат 100 проценти од нивната плата.

- Меѓутоа доколку ги земеме податоците кои се внесени не во нивниот хоспитален информатички систем туку податоците кои се внесени во дневникот на здравствената установа, тогаш добиваме различни резултати. Од анализата за месец март првиот доктор ќе има 18 проценти намалена плата, вториот-20 проценти зголемена плата, третиот-100 проценти плата, четвртиот-20 проценти намалена плата, и петтиот 12 проценти намалена плата. Исходот ќе биде тројца доктори кои ќе имаат намалена плата, еден да има 100 проценти од платата и еден да биде награден, рече Тодоров.

- Суштината на оваа реформа е тој доктор кој сработил најмногу да земе 20 проценти повисока плата и да биде награден за тоа што најмногу работел во тој месец, а тој што најмалку работел и ќе земе 20 проценти помала плата да му биде намалена со цел наредниот месец да се корегира и да изврши повеќе прегледи и да не се дозволи да има сериозна разлика меѓу квантитетот на работа на еден и друг доктор кои работат во рамки на исто одделение и во иста здравствена установа, посочи Тодоров.

- Ако внеле неточни податоци ќе земат плата која несоодветствува на реално сработеното. Од 16-ти до крајот на месецот ќе се направи инспекцискиот надзор во сите здравствени установи во државата, додаде Тодоров. 

ФОТО: Влада 

најчитано сега