Димитриевски од Гостивар: Граѓанското движење се шири, народот се обединува
Во Гостивар денеска е формирано граѓанското здружение „Движење за прогресивни промени” во рамките на граѓанскиот концепт кој го најавува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
На средба со иницијативниот одбор за Претседател на здружението е избран Љубомир Величковски.
– Граѓанскиот концепт се шири, енергијата се чувствува помеѓу граѓаните насекаде, народот се обединува. Продолжуваме и во другите градови во Македонија, напиша Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник претходно најави дека во септември ќе формира граѓанско движење и во Скопје.
25.04.2023 - 21:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа