Општината бара ново решение за паркирањето во Охрид

Договорот за закуп на паркинзите во општина Охрид содржи низа правни недостатоци и може да биде раскинат, се наведува во заклучоците на посебната Комисија што беше формирана на барање на градоначалникот Никола Бакрачески, кои денеска беа презентирани на седницата на Советот на општината.

Став на Комисијата е дека покрај констатираните недостатоци при изготвување на актите и при спроведување на самата постапка, недоволно и непрецизно е определен и предметот на Договорот за закуп на паркинг-просторите, со мислење дека може да се поведе судска постапка за утврдување на ништовност или поништување на Договорот за закуп на паркинг-просторите.

- Таквото мислење Комисијата го изразува и врз основа на фактот што Комисијата за спроведување на постапката за давање под краткотраен закуп донела решение со кое ја поништува постапката и сите дејствија преземени во врска со истата се сметаат за ништовни и не произведуваат правно дејство, стои меѓу другото во заклучокот на Општинската комисија претставен пред Советот.

Инаку, од компанијата „Сузуки“ што се јавува како закупец оценуваат дека сите активности што ги спроведуваат и дејноста што ја вршат се согласно договорите, за што како надомест на општината и плаќаат средства во висина од околу 550 илјади денари месечно.

ФОТО: Сител

најчитано сега