Извршена церемонијална промена на државните знамиња пред Владата

Денеска пред Владата на Република Македонија гардиската единица на АРМ извршија церемонијална промена на државните знамиња.

На церемонијалното менување на знамињата пред Владата присуствуваа вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, ученици од средни училишта од Градот Скопје и јавни личности од општествениот живот во државата.

Беше изведена и манифестациска содржина од страна на гардиската единица, а свечениот чин беше проследен од воениот оркестар на Армијата на Република Македонија.

 

најчитано сега