Деветти ден во кома - нема промена на состојбата на повреденото девојче во сообраќајката во кочанско

Нема промени во здравствената состојба на повредените деца во несреќата кај кочанско Оризари, јавува Здравство24 Состојбата на петте деца кои останаа на болничко лекување не е променета, информираат од клинички за здравтво24. Најтешко повреденото 14 годишно девојче со повреди на главата и градниот кош уште е во кома и на апарати за дишење на КАРИЛ. Другите четири  деца се во стабилна состојба и под постојан лекарски надзор. Уште едно девојче е во центарот за интензивно лекување и е во свесна состојба, а останатите деца се хоспитализирани на Клиниките за неврохирургија, пластична,како и во градската хируршка болница св.Наум Охридски. Вчера четири деца чија здравствена состојба беше значително подобрена беа пуште ни на домашно лекување.

најчитано сега