Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Велосипедист тешко повреден во Скопје, откако во него удрил автомобил.

-На 30.12.2020 во 15.20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Пајко Маало“ и сервисна улица која води кон Национална универзитетска библиотека во Скопје, патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ѓ.(52) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од М.Ј.(60) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега