И утре ќе врне цел ден

Времето утре во Македонија ќе биде со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 17 до 22 степени.

Во Скопје и околината слично време, претпладне со повремен локален дожд, а во попладневните часови постепено врнежите ќе престануваат и ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степени. 

најчитано сега