Ахмети: Спорот со името да се реши што е можно побрзо

Денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети ќсе сретна со Џули Смит, советник за национална безбедност на заменик претседателот на САД и со Марк Флеминд, директор за балкански прашања во Вашингтон.

- „САД го поддржуваат процесот под водство на ОН и сметаат дека големата инвестиција во Македонија и регионот за мир и сигурност треба да се заокружи со членство во НАТО. Претседателот Ахмети се сретна со претседателот на Американскиот Демократски Институт, Кенет Волак, како и со регионалниот директор, Роберт Бенџамин, со кои разговараше околу демократските процеси во Македонија и регионот, при што Ахмети му се заблагодари на претседателот на Институтит за целата поддршка за изградба на демократски капацитети на институциите во Македонија“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Инаку, днееска Ахмети ќе престојува во Пентагон.

ФОТО: Сител

 

најчитано сега