Нѐ очекува долго и натпросечно топло лето

 

 

 

Метеорологот Славчо Попоски предвидува долго и натпросечно топло лето.

 

Според најновите анализи кој ги направивме претстојното лето во нашата држава ќе биде натпросечно топло, односно не чека едно долго, топло и спарно лето во целата наша држава.

 

Температурите на воздухот ќе бидат повисоки од просечните а ќе има и почести продори од северните предели на Африка кој ќе условуваат многу високи температури на воздухот. Особено во централните и во југоисточните предели на државава, повремено температурите на воздухот се очекува да се искачуваат и до 40 степени.

 

Натпросечно топло, односно многу високи температури се очекуваат и во останатите предели од државава. Повремено се очекуваат и продори на посвеж воздух од северните предели на Европа.

 

Што се однесува до врнежите, истите ќе бидат релативно под просекот. Односно ќе има помалку врнежи од вообичаеното над целата територија на државава. Сепак и покрај ова, се очекуваат повремени дестабилизации на атмосферата кој би условувале поројни врнежи, грмежи и можност за временски непогоди ширум нашата држава.

 

Сепак, тој посочува дека со оглед на тоа што се работи за долгорочна анализа на времето, можни се промени, па потребно е да се следат дневните метеоролошки предвидувања.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега