Бузаку за смената на Реисот: Ова е лична режија на Сулејман Реџепи

Скендер Бузаку, кој од лани е во институционална битка за преземање на челната позиција во ИВЗ смета дека во одлуката за разрешување на поглаварот е вмешана политиката, но дека се е во лична режија на Сулејман Реџепи, кој, според него, за само неколку месеци ќе се врати на функцијата.

„Овие што наводно го сменија се со него. Целта е да се заштитат и да го прикријат сторениот криминал“, вели Бузаку во изјава за порталб.мк.

Според него, одлуката за избор на гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху за вршител на должноста претседател на ИВЗ е незаконска, бидејќи во тек е судски спор за позицијата.

„Сè уште сме на суд и ја чекаме одлуката. Назначувањето вршител на должноста претседател не е предвидено со Уставот на ИВЗ. Оваа функција не може да биде заведена ни во Централниот регистар, ниту на на кое било друго место. Додека има судска постапка, не може да се назначи друго лице за претседател на ИВЗ. “,вели Бузаку.

Сулејаман Реџепи застана на чело на ИВЗ од 2006, и повеќепати е реизбран со мандат од пет години.  

Последниот обид за негово разрешување беше лани кога заврши на суд

 Поранешниот секретар на скопското муфтивство Скендер Бузаку достави документи до ОЈО обвинувајќи го за финансиски криминал тежок 700.000 евра на штета на верниците кои лани заминаа на аџилак.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа