УХМР најави невреме во земјава - очекувајте врнежи, грмежи и засилен ветер

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега