Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Не можеме да живееме во строга рестрикција, мерките треба да попуштат, но граѓаните мора да се придржуваат кон препораките од здравствените власти, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче.

 

Како што кажа тој, постепеното враќање на животот во нормала мора да се спроведува преку строго придржување кон веќе утврдените правила и универзални мерки.

-Веќе има консензус кои се тие универзални мерки кои мора да се почитуваат: маските, дистанцата, честото миење на рацете и дезинфекцијата. Само со придржување до тие мерки ние може постепено да се враќаме во нормала. Алтернатива на тоа е строга рестрикција, којашто никој од нас не ја посакува- рече Филипче.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега