Караџоски: На средината на јуни градинките најверојатно ќе почнат да работат

 

Доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје, на денешната прес-конференција за медиоумите, истакна дека се минати три месеци од регистрирањето на првата заболена патничка од Италија, која беше позитивна на ковид-19.

 

-Исто така денеска навршуваат 88 дена како функционираме како Комисија за заразни болести со направени 92 записници, тоа е континуирана работа. Ние се трудиме да бидеме тука за граѓаните, да помогнеме. На денешната седница констатиравме дека соодветно се  почитуваат нашите препораки, нашите алгоритми, при што преземените мерки дадоа одредени резултати- рече д-р Караџоски.

 

Во последните 14 дена, рече Караџоски, почнавнме да правиме анализи на седум и четиринаесет дена, а тоа ни овозможува на соодветен начин да носиме одлуки.

 

-Во периодов од 14 дена имаме просечно од 10 до 40 регистрирани случаи, на дневна основа тоа се во просек по 24 заразени лица. Она што непријатно паѓа, а мора да се каже е тоа што во последниве 14 дена имаме помал број на смртни случаи на дневно ниво- рече д-р Караџоски.

 

Ја менуваме нашата шема, рече Караџоски, го надградуваме нашиот алгоритам.

 

-Одиме на пошироко тестирање на населението. Во градинките се направени повеќе од 2 илјади тестови, при што очекуваме во третата фаза, најверојатно ќе биде на средината на јуни, да можеме и нашите дечиња да ги пуштиме да одат безбедно во градинките- рече д-р Караџоски.

 

Ќе се направат повеќе од 10 илјади тестирања, вели Караџоски, за да се види каков е скринигот на нашето население.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега