Сѐ уште не се знае кога ќе се отворат границите

 

Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата рече дека на предлог на МНР во соработка со Комисијата за заразни болести  е подготвен протокол за странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства, доколку приложат потврда за негативен ПСР-тест направен 72 часа пред влезот, ќе можат тековно и непречено да ја извршуваат работата без упатување во домашна изолација.

 

Спасовски рече дека Комисијата за заразни болести е задолжена да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници и да подготват протоколи за влез и излез од земјава. Оваа одлука, рече, Владата ја прави во координација со земјите од регионот.

 

-Со секоја од нив имаме одлична комуникација која најавува дека многу бргу патувањето во регионот ќе биде регулирано во интерес  на граѓаните на сите земји. Второ задолжение за Комисијата е да подготви соодветни протоколи за работа на хотели и за начин на работа со посетители, истакна Спасовски.

 

Посочи дека македонското здравство реагирало соодветно и навремено и оцени дека добро се справило со КОВИД-19, а сите одлуки на Владата, рече, се носат врз основа на стручни анализи и препораки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега