Денеска е последниот полициски час?

 

Од утре ќе се укине полицискиот час. Ваква одлука донела Владата на денешната седница, јавува ТВ21.

 

Одлука има и за угостителските објекти. Тие со работа ќе почнат од четврток.

 

Сепак, за официјална потврда ќе почекаме до 19:00 часот кога на прес-конференција одлуките ќе ги презентираат техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.

 

Претходно денеска Комисијата за заразни болести предложи да се олабават мерките, односно укинување на забраната за движење, отворање на угостителските објекти и градинките.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега