Германски историчар ја брани Бугарија: Македонците биле ослободени од југословенската политика

Германскиот историчар Фалк Пингел во интервју за Дојче Веле говори за своите дилеми околу работата на македонско-бугарската историска комисија и вели дека постојат начини да се надминат различните толкувања меѓу двете страни.

Според него, Бугарија од времето на почетокот на Втората светска војна не се нарекува „фашистичка“, туку „авторитарна“ држава, иако им се приклучи на силите на Оската.

„Во однос на меѓународното право, инвазијата на југословенска Македонија беше агресија и инвазија и резултираше во окупација, која дури беше планирана да се претвори во анексија во случај на победа на Оската. Како и да е, дел од Македонците во окупираните територии го сметаа за „ослободување“ од југословенската дискриминаторска политика. Значи, ова може и треба отворено и лесно да се наведе дури и во учебник. Нема проблем за учениците да ги разберат овие различни проценки заради различни референтни точки. Сепак, се чини дека е тешко за бугарските членови да прифатат такво разликување и да ги изложуваат своите ученици на различни перспективи на истиот настан“, кажа историчарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега