МВР: 104 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 76 лица

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во соопштението објавено на веб-страната на МВР се посочува дека по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 82 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република  Македонија на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и  евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега