Пронајдени и уапсени затвореници кои избегаа од затворот во Струга

Две лица кои избегале од затворот во Струга биле истата ноќ пронајдени и уапсени, објави полиијата.

-Изминатата ноќ во 01:20 часот, во атарот на  струшката населба Теферич, пронајдени и приведени се 34-годишниот Б.С. и 32-годишниот С.К., двајцата од Струга. Приведувањето е извршено, откако во 01:07 часот во Полициската станица во Струга, од затворот во Струга е добиено телефонско известување дека двете лица избегале од казнено поправната установа каде издржувале затворска казна - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега