Осуденик од Затворот Идризово починал на Клиника

 

Осуденик од затворот Идризово починал вчера на Клиника, соопшти полицијата.

-Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал 58-годишниот М.П. од Скопје, осуденик од КПУ Идризово, кој бил донесен на 04.05.2020 од КПУ Идризово со здравствени проблеми. Од страна на доктор е констатирана смрт. Телото на починатиот е предадено за обдукција - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега