Трактор удри во мопед - скопјанец почина на лице место

 

Скопјанец починал на лице место откако во мопедот со кој тој управувал удрил трактор.

-Вчера во 09:33 часот на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија трактор “имб“ со велешки регистарски ознаки управуван од 48-годишниот Џ.С. од Гевгелија удрил во мопед “томос апн 6“ без регистарски ознаки управуван од 72-годишниот З.П. од Скопје. Од здобиените повреди при незгодата, З.П. починал на лице место, а од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега