МВР со детали за пукањето во Бутел: Едно лице уапсено

 

Вооружена пресметка се случи вчера попладнето во скопската населба Бутел, по што полицијата лишила од слобода едно лице.

-Вчера во 23:40 часот од ул.10 во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 29-годишниот Д.Ј.. од село Сингелиќ поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело„предвизвикување општа опасност“. На 23.05.2020 во 17:47 часот 32-годишниот О.И. од Скопје пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје во близина на новиот дел после подвозникот во близина на Земјоделски институт од патничко моторно возило “фолксваген пајтон“ и патничко моторно возило “ауди 4“ во кои биле четири непознати лица со автоматско оружје и пиштоли пукале кон застанато возило, а потоа и кон пријавителот, 29-годишниот С.Х. и 58-годишниот Р.Х. кои биле на плац во нивна сопственост. По кажување на пријавителот истиот во напаѓачите ги препознал Д.Ј. и А.М. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење околу 20 чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега