Спасовски: Владата е должна во овие услови да ја заштити економијата, да ги соочува работните места

Претседателот на Владата на Република Македонија ги оцени како бесмислени тврдењата дека економските мерки на Владата за справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата се во насока на купување на гласови за изборите.

„Ние имаме сериозна здравствена криза којашто сериозно удри врз економијата на државата. Тој сериозен удар врз економијата побара одговор од Владата бидејќи таа е одговорна се помогне, да се заштити здравјето и животот на луѓето, да се заштити здравствениот систем на државата, меѓутоа и да се помогне и да се заштити економијата. Да се соочуваат работните места, директно да им се помогне на граѓаните, да се одржат компаниите и да се создадат услови веднаш по крајот на епидемијата да се создаде основата за една нова развојна економија на земјата. Затоа ги донесовме трите сета на мерки“, истакна премиерот Спасовски во интервју за ТВ Клан, и додаде дека опозицијата е контрадикторна затоа што до пред една недела застапуваа теза дека се доцни со  економските мерки, а сега кога се донесени велат дека биле изборен поткуп. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега