Чулев: Бараат да ги казнувам граѓаните безкурпулозно, а илјадници граѓани се оставени без работа и се во лоша психолошка состојба

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа истакна дека изминативе неколку дена е мета на организиран и оркестиран напад од страна на СДСМ со цел негова лична дискредитација.

-Морам прво да кажам дека последниот период во контиунуитет има организиран и оркестриран напад од страна на сите ПР структури на СДСМ против моето функционирање и функционирањето на МВР се со цел замоја лична и професионална дискредитација.

Чулев посочи дека причината за ваквиот напад врз него е да се изврши притисок за да се казнуваат што повеќе граѓани за непочитувањето на ограничувањето на движењето и другите мерки кои ги носи Владата. Тој потенцираше дека ова нема да го дозволи бидејќи илјадници граѓани се оставени без работа, економската состојба е лоша, а психолошкиот притисок голем,

Чулев додава дека нема на никој начин дополнително да го оштетува буџетот на овие семејства.

-Јас кажав и на Влада и на социјалните медиуми, притисокот е безкурпулозно да ги казнуваме граѓаните за ограничувањето на движењето и за сите други мерки. Мојот принцип како министер за внатрешни работи е пред се да ги предупредуваме граѓаните, а ако го повторуваат делото тогаш да превземеме репресивни мерки. Значи репресивни мерки да, ама не по секоја цена. Најпрво со превенција, а потоа да се оди со репресија. Моментот е особено тежок за граѓаните тие се под голем психолошки притисок, економската состојба ние катастрофално лоша. Голем дел од граѓаните изгубија работни места, семејствата им се во тешка економска состојба, така да високите казни кои што би им се дале, дополнително би го оштетиле нивниот буџет и би влијаеле негативно врз благосостојбата на нивното семејство, вели Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега