Џафери: ДИК е должна да постапи по роковите како што застанале

Спикерот на Собранието Талат Џафери во емисијата Вин Вин вечерва на Телма изјави дека е поканет на лидерската средба и смета дека веднаш по завршувањето на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите.

Според Џафери, роковите за одржување на предвремените парламентарни избори треба да продолжат онаму каде што застанале.

-На пример, на 12 мај е лидерската средба, се договорат дека на 16 ќе престанат мерките. Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решението на претседателот на Собранието, а во овој случај и според Уредбата е должна да постапи по роковите како што застанале. Евентуално по однос на тоа што Избирачкиот список бил ажуриран од 12 април, па ќе биде нов датум, до тој датум Изборниот законик, обврските на државните органи, особено Министерството за внатрешни работи, правда, матичната служба имаат тримесечна обврска да доставуваат извештај за ажурирање на Избирачкиот список, рече Џафери.

Според него, Изборниот законик вели дека сите граѓани кои што на денот на изборите ќе наполнат 18 години мора да бидат на Избирачкиот список по службена должност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега